Дел од патници во автобус кои во понеделникот се вратиле од летување од Грција се ставени во изолација поради патник кој бил сомнителен на корона вирус.
Информацијата за „Фокус“ ја потврди директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова-Бухова која вели дека во самоизолација биле ставени 5 лица, а еден од патниците бил со симптоми.
„Автобусот со туристи од Грција е пристигнат на 20 јули. Во истиот имало мешана структура, и возрасни и деца. До овој момент, со решение на ДСЗИ на домашно лекување и самоизолација се ставени 5 лица, еден е со симптоми и ќе биде тестиран во текот на утрешниот ден. Во тек е епидемиолошка анкета на контактите, по што, по известување на Центарот за јавно здравје, ДСЗИ ќе издаде решенија за домашна самоизолација и медицински надзор на контактите“, вели Сотирова-Бухова.