Дорис Пак, претседателка на Асоцијацијата на жени во ЕПП со поддршка за Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје. Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целосост:
Почитувани дами и господа,
Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер, која ќе биде во служба на сите граѓани – Данела Арсовска.
Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела, може и ќе направи промени за подобро и модерно Скопје.
Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани.
Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката.
Како претседател на ЕПП жени, јас и честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршка на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.
Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври.