Хрватската музичка дива Дорис Драговиќ (61) ја наполни сплитската арена Спаладиум, по повод четири децении на естрадата. Пејачката која своевремено беше една од најпопуларните на просторите на поранешна Југославија, и која е синоним за отменост на поп сцената, направи концерт за кој се пишува во целиот регион.
Присуствувале над 12.000 лица во публиката, а влезниците биле распродадени во рекордно време. Дорис ја започна кариерата како дел од групата „Море“ во осумдесеттите години, а потоа стекна огромна популарност со песната „Жељо моја„ со која го освои 11-то место на Евровизија во Норвешка.
Во 1999 година, исто така учествуваше на Евровизија, каде ја претстави Хрватска со песната „Марија Магдалена“ и заврши на четвртото место. Уште кога се појави на сцената, таа излегуваше во медиумите само кога имаше вистинска причина за тоа. Не ги следеше трендовите, а еден период сосема се повлече од јавноста.
-Ме нема, бидејќи се повлеков од медиумите кои го променија својот личен опис! Сите некако пожолтеа! Се игра по правила на кои јас не сум научена, бизарни случки стануваат поважни од вистинскиот живот – изјави таа во постаро интервју.
Во минатото, за неа се пишуваше дека била во врска со Здравко Чолиќ, а потоа и дека Жељко Ражнатовиќ – Аркан бил вљубен во неа. И покрај тоа што ја поврзуваа со многу имиња, таа никогаш не зборуваше за својот приватен живот. Пред повеќе од три децении се омажи за ватерполистот Марио Будимир и го имаат синот Борна.
Вики Клинчарова