322
За време на овој викенд, поради продор на многу поладен воздух од север, следува дополнително заладување на времето, што ќе биде проследено и со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Поради падот на температурите на воздухот, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во Македонија (над 2000 м.н.в) да провее и првиот снег за оваа сезона.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат далеку под просекот за месец септември, особено од утре, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Минималните температури, пак, ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 13 степени.