Дополнително ограничување на движењето за граѓани постари од 65 години

by Fokus

Владата работи на дополнителни мерки за заштита на старите граѓани над 65 години, покрај полицискиот час за нив ќе има и други ограничувања, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Работиме на дополнителни мерки за да се заштитат најкритичните групи граѓани, над 65 години, дополнително, освен полицискиот час, да им биде ограничено движењето, да се движат во раните утрински часови, таа мерка ќе се соопшти утре. Односно, да се задоволат потребите, посета во аптеките и продавниците, но да не излегуваат во текот на денот, нагласи министерот.

Ќе има мерки и за младите лица до 18 години, тие ќе се соопштат по одлуката.

Матичните лекари целосно се вклучија во системот на идентификација и рано откривање, за граѓаните полесно да дојдат до дијагностика.

Филипче апелираше да се почитуваат мерките.

Мерките се за почитување, здравствените работници нема да успеат ако граѓаните не им помогнат. Никогаш не ни била повеќе потребна помошта од граѓаните. Имаме зголемување на бројот на случаи. Мора да ја спласмене кривата на раст, земјите што ги почитувале мерките имаат резултати, рече министерот.

Поврзани новости