Дополнителни 385.000 евра за дошминкување на Стар театар и Археолошкиот музеј

by Фокус

Па, така, според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, за двата објекта ќе се потрошат уште 385.000 евра, кои се оправдани како анекс договори, односно без претходно објавување на оглас.

Поточно, Министерството за култура во февруари склучило анекс со фирмата Бетон Штип, вреден 262.473 евра, за објектот Археолошки музеј. Според објаснувањето дадено од министерството, дополнителните работи произлегле по увидот на надзорниот орган, кој забележал одредени недостатоци и испуштени работи. Од наведеното кратко и конфузно објаснување, единствено може да се разбере дека средствата се потребни за подобрување на инсталацијата.

Вториот анекс, пак, склучен во март, а вреден 121.983 евра, е договорен за потребите на објектот Стар театар, кој досега чинеше околу 39 милиони евра. И во овој случај, од објаснувањето кое го дава министерството, не може точно да се заклучи на што ќе бидат потрошени парите, односно за што дополнително ја ангажираат фирмата Страбаг.

-Во текот на изведбата на објектот заради усогласеноста со ситуација на лице место, а на барање на разни чинители при реализацијата на целокупниот ентериер во објектот Стар Театар, беше потребно да се изведат позиции што не беа предвидени во Предмер пресметката и проектот за ентериер, се наведува во објаснувањето на Министерството за култура.

 

 

Поврзани новости