630
Млада девојка од Скопје била жртва на сексуално вознемирување, соопштија од СВР Скопје.
Според полицијата, во текот на вчерашниот ден, 19-годишна скопјанка пријавила дека околу 13.20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар едно машко лице ја допирало по телото, а потоа се самозадоволувало.
-Се работи на расчистување на случајот, додаваат од СВР Скопје.