579
Владата попладнево до разреши директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев. Како причина за разрешувањето е наведено „несовесно и невнимателно работење“.
Донев го привлече вниманието на јавноста кога леташе со бизнис класа на службено патување во Аргентина, што Буџетот го чинеше 4 илјади евра.
Тој потоа се извини и рече дека ќе ги врати парите или ќе ги донира, но се уште нема информации дали тоа го сторил.