531
Бугарија нема никакво соучесништво во подготовката на експлозијата на мостот на Крим, изјави техничкиот премиер Гулаб Донев, кој ја коментираше информацијата дека камионот што ја предизвика експлозијата на мостот, што ги поврзува Крим и Русија, излегол од Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Донев прецизира дека уште во неделата вечерта, веднаш откако се појавиле информациите по медиумите, наредил ДАНС да провери за да се утврди точната маршрута на камионот.
Тој испрати молба до локалните медиуми одговорно да известуваат за темата, бидејќи таа создава ризици за националната безбедност и вклучување на Бугарија во војната во Русија