661
Фондот за здравство ќе плаќа по 100 проценти плата на сите здравствени работници кои директно се поврзани со справување со корона вирусот и кои го добиле заболувањето на своето работно место, истакна директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев.
„Осигурените лица да бидат ослободени од партиципација ако се заболени од Ковид 19. Таква одлука донесе Фондот за здравство, само требаше да се средат некои дополнителни работи. Имаше постоечки закони, но во тек се измени и се надевам дека тоа брзо ќе се заврши – вели Дончев.