583
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија лаже ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
– Донбас ќе биде украински, истакна Зеленски во видео обраќањето.
Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.
Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили се обидуваат барем за 100 дена да ги постигнат целите што се надеваа дека ќе ги остварат уште во првите денови од конфликтот.