Донација од САД за лабораторијата на ИЈЗ

by Fokus

Лабораторијата на Институтот за јавно здравје доби донација вредна 570 000 долари од САД и стана единствена во регионот која има „biosafety level 3“ и регионален центар во кој ќе може да се детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Како единствена во регионот експертите од нашата лабораторија ќе ги обучуваат и експертите од БиХ, Албанија и Косово.

„Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека вработените се способни на соодветен, акредитиран начин да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Тоа значи дека сме целосно подготвени да менаџираме каква било криза која во иднина евентуално може во смисла на нов бран, не само нас, туку да не снајде и во целиот регион“, истакна Венко Филипче.

Поврзани новости