Министерството за здравство изразува голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.
Особена благодарност, од Министерството за здравство упатуваат за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.
– Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции и тоа: апарати за механичка вентилација, рентген апарати, бронхоскоп, респиратори, инфузиомати, ЕКГ апарати, дефибрилатори, аспиратори за сукција, пациент монитори за инвазивно мерење притисок, батерии за рентген апарати, апарати за лабораторија, кислородни маски, пулсоксиметри, китови за тест корона, апарати за прочистување на воздух, значителна количина заштитни наочари, визири, скафандери, маски, потребни лекови и медикаменти, потрошен материјал, како и немедицинска опрема и други потреби пред се на Инфективната клиника – возила, машини за перење, сушење, бојлери за топла вода, кревети, фолија за маневарска болница, пешкири, постелнини, козметички производи, вода, софтверска апликација, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Како што информираат оттаму, дел од материјалите и апаратите се веќе пристигнати, а дел се нарачани од донаторите и во текот на наредната недела се очекува пристигнат во Инфективната клиника и на другите локации според потребата. Покрај донациите во опрема и добра, на наменската сметка на Министерството за здравство за донации до сега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари.
Од Министерството за здравство, благодарност упатуваат за поддршката во вид на донации од страна на германската, кинеската, швајцарската и американската Амбасада, за донациите од Турција и Чешка пристигнати преку СЕП, потоа ИГМ Трејд, Алкалоид АД Скопје, ЕВН Македонија, Државна видеолотарија на Македонија, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутнска банка, АТС Груп, Тотал ТВ, Аутомотив Груп, Аутомобиле СК, Филип Морис, Макпетрол АД Скопје, Атлантик Груп, Цементарница Усје, ОКТА, Гранд експорт ДООЕЛ, Битолска млекара, Адинг, СиТ Македонија, Горска вода, Некстсенс, Еуропоинт, Моцарт обложувалници, Агенција за аудио-визуелни медиумски услуги, КИБС, Агенција за разузнавање, Новонордиск, Шпаркасе и Охридска банка, Кронберг и Шуберт, Сава Осигурување, ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани, Ваурон, Леов, Рамстор, Лукоил, Реплек, Тотал инженеринг, Антхура Кочани, Илинден АД Струга, Генерал електрик, БиМек, Санофи, Авицена, Лек Скопје ДООЕЛ, Рош Македонија, Еурофарм, Теди компани, Фитофарм, Мак медика, Витаминка Прилеп, Макпрогрес, Скопстер, Макаус, Лајфвоч, Тинекс, Линеа, Ротари клуб, Алансер, Град Скопје, општина Студеничани, Дени Интернационал, Хриливел Скопје, Фас Вас Васко, Здружение на возачи Охрид, ЦВО Брокер Охрид, Адвокат Иван Симоновски, ИмагеПР, Кара констракшн, Порд машинопроект, Аптив, Етерна, Зобек Мининг, 360 степени, Златекс, Медарско здружение Матица, Гицко, индивидуалните донатори, но и сите оние поединци и компании кои донираат директно во другите здравствени установи и за различните групи на население.
Листата на донатори која е објавена овде ги вклучува донаторите кои директно контактирале со Министерството за здравство и имаат потпишано договор за донација, односно имаат веќе донирано добра или средства. Голем број на компании пројавија интерес за донација и тие ќе бидат објавени по реализацијата на донацијата, односно по потпишувањето на договор за донација.
За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали, како и било какви други средства, добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот (2019-nCov), тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство. Конкретни инструкции за постапката за донација може да се добијат со контактирање на одговорното лице на е-маил адресата: sandra.velovska@zdravstvo.gov.mk.
Наменските сметки за донација на Министерството за здравство може да се најдат на http://zdravstvo.gov.mk/ministerstvoto-za-zdravstvo-otvori-posebni-smetki-za-donacii-mozhe-da-se-doniraat-parichni-sredstva-no-i-oprema-soglasno-listata-na-prioriteti-na-ministerstvoto/ .