Претставници на „Астра Казино“ денеска подарија новогодишни пакетчиња наменети за штитениците на Домот за деца без родителска грижа „11 Oктомври“ во Скопје.
„Во духот на празничното дарување и оваа година не ги забораваме и децата кои се под грижа на Домот за деца без родителска грижа, институција со која што имаме блиска соработка во изминативе години, а во наредниот период планираме истата да ја интензивираме преку низа заеднички активности“, вели Бојан Коцевски, управител на „Астра Казино“.
Компанијата во рамки на своите општествено одговорни активности и во духот на новогодишните и божиќни празници во изминативе денови подари повеќе од 300 новогодишни пакетчиња за деца од семејства во социјален ризик, деца без родителска грижа и деца сместени во згрижувачки семејства.
„Астра Казино“ и во 2025 година ќе продолжува да биде дел од хуманитарни акции кои значат враќање кон заедницата.