487
Донација од медицински апарати – вентилатори за домашна употреба наменети за специфична група на пациенти кои имаат потреба од потпомогната асистирана вентилација, која може да се изведува и во домашни услови, ќе добие денеска Клиниката за Детски болести – Скопје.
Овие апарати се набавени од средствата собрани во текот на донаторската кампања што за време на Светското фудбалско првенство 2018 се одвиваше на сите уплатни места на Спортските обложувалници „Моцарт“.
Донацијата ќе ја прими директорката на ЈЗУ Клиника за Детски болести – Скопје, д-р Катерина Ставриќ, а предвидено е присуство и на министерот за здравство Венко Филипче.