Донациите за Украина ќе бидат објавени кога ќе има услови за тоа, вели Петровска

by fokus

Единствената погрешна одлука во целиот изминат период беше руската агресија врз Украина, а одлуките за помош и поддршка на Украина беа за да и се помогне на земјата која беше нападната да се одбрани, рече министерката одбрана Славјанка Петровска.

Таа, во денешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, истакна дека Северна Македонија ја осуди оваа агресија од самиот почеток.

– Се приклучивме на санкциите кон Русија и донесовме три одлуки за воена помош за одбрана на Украина, на нејзино барање, но и со согласност и став од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, дека овие донации кои ќе бидат транспарентно објавени кога ќе има услови за тоа, никако не влијаат на борбената готовност на Армијата. Во Европа во 21 век не е дозволено да имаме слики на загинати деца, родители, огромен број на бегалци и затоа сојузниците се обединети во потребата за помош и поддршка на Украина која се брани, посочи Петровска.

Поврзани новости