621
Европската унија денеска организира меѓународна донаторска видео-конференција за да соберат средства за глобален одговор против Ковид-19.
Брисел проценува дека на светот му се потребни 7,5 милијарди евра за развој на вакцини, дијагностика и третмани против новиот коронавирус.
Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Џузепе Конте и норвешкиот премиер Ерна Солберг ќе бидат домаќини на донаторската конференција за собирање средства за глобална кампања за финансирање борба против Ковид-19.