581
Битолчани собраа 60.000 ден откупувајќи ги на аукција дресовите на ракометарите на Еурофарм Пелистер како дел од донаторската акција на Ротаракт клубот Битола .
Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка.
Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка.
Присутните активно учествуваа во наддавањето, при што за различни вредности беа откупени понудените клубски дресови на битолските ракометари со нивни автограми. Средствата ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства во земјава.
Дресот на легендарниот голман, битолчанецот Никола Митревски ја достигна највисоката цена започнувајќи од 1.000 денари, а беше продаден за 18.000 денари.
Во публиката беа и ракометарите кои за прв пат присуствуваа на ваков настан и со радост најавија и идни хумани акции во кои сакаат да имаат директно учество.
Тие ги подарија нивните дресови за аукцијата, а за возврат ги добија како подарок првите клуб картички на компаниите SN брокер, ЈК травел и SN финансии со што стануваат членови на ова големо семејство.