Донарума си заминува од Милан

by Fokus

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ќе го напушти клубот како слободен агент. Фудбалерот веќе се прости од соиграчите, тврди „Тутоспорт“.

Клубот му понуди на 22-годишниот голман осум милиони евра годишно, додека претставникот на играчот инсистираше на 10 милиони.

Исто така Милан сакаше да потпише петгодишен договор, а агентот на Донарума Мино Рајола инсистираше на двегодишен договор.

Покрај тоа, Рајола сакаше да добие 20 милиони евра провизија за обновување на договорот, со што управата на клубот не се согласи.

Во сезоната 2020/21, Донарума одигра 48 натпревари за Милан, на кои прими 54 гола, а одбрани 15 натпревари на нула.

Поврзани новости