Италија е победник на Европското првенство за оваа година, откако славеше по изведувањето на ударите од белата точка. Последниот удар од единаесет метри го промаши Сака, а Донарума искусно одбрани, за големо славје на Италијанците.
Во регуларното време, натпреварот заврши со резултат 1-1, а во двете продолженија од по 15 минути и двете голмански мрежи мируваа.
Прва до водство дојде селекцијата на Англија, многу рано во мечот – уште во втората минута преку Лук Шо, што делуваше шокантно за Италијанците. Се обидуваа момците на Роберто Манчини да дојдат до израмнување, но тоа се случи дури во второто полувреме преку Бонучи во 67-та минута.
До крајот на мечот двете селекции се обидуваа да го решат победникот, но во регуларните 90 такво нешто не се случи.
По изведувањето на пеналите, кај Англичаните промашија Рашфорд, Санчо и Сака, а кај „аѕурите“ погодија Берарди, Бонучи и Бернардески.