912
Претседателот на САД, Доналд Трамп попладнево е примен во болницата „Walter Reed“, откако утринава му беше дијагностициран корона вирус.
Тој е во добра состојба и самостојно влезе во болницата. Им мафна на новинарски екипи, но не застана за изјава.
Претходно, даде изјава во која вели дека оди во болница поради претпазливост и дека се чувствува добро.