Охрид ќе има организиран дочек на новата година на градскиот плоштад, потврди градоначалникот Кирил Пецаков. Како туристички град, кој очекува голем број на посетители за време на празниците, Охрид ќе биде и празнично украсен.
Околу тоа кои ќе бидат музичките гости кои ќе ги забавуваат посетителите за време на дочекот, за „Фокус“ тој вели дека за неколку дена официјално ќе бидат соопштени нивните имиња, и станува збор за домашни изведувачи. Буџетот пак, за два дена забава, во кој било вклучено озвучување, осветлување, бина, како и хонорари на изведувачите, изнесувал помалку од 15.000 евра.
И минатата година во градот имаше организиран дочек и неколкудневна забава. Настапија Ѓоко Танески, Татијана Стефановска, Верица Ристеска, Камелеон, Урбан Планет и други.
Вики Клинчарова