Домашни музичари ќе имаат заеднички концерти: Заедно сме посилни!

by fokus

Владо Јаневски, Ферус Мустафов, Слаткаристика, Нокаут, Елита 5 и Ѕ4ММ се подготвуваат за заеднички концерт во Скопје, како дел од Мозаик Фестивал.

Настанот ќе се одржи на 28-ми февруари во А1 арена ,,Борис Трајковски” и најавено е дека ќе трае пет часа.

И во Прилеп на 14-ти март во Центар за култура ,,Марко Цепенков” ќе се одржи фестивалот, а музички гости ќе бидат Влатко Стефановски, Дани Димитровска и Џамбо Агушев.

Наредниот настан во склоп на Мозаик Фестивал ќе се случува во Куманово во Центар за култура ,,Трајко Прокопиев”, на 21-ви март.
Пред тамошната публика ќе настапат Рок симфони, Влатко Стефановски, Дани Димитровска, Туна и Џамбо Агушев.

Музичките настани се поддржани од Делегација на Европската Унија и Пивара Скопје, а влезниците се пуштени во продажба.

-Најдоброто од домашната сцена на едно место, затоа што заедно сме посилни – е мотото на фестивалот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости