Домашна расправија е причина за нападот во централата на ЈуТјуб

by fokus

Триесет и деветгодишната Насим Агдам од Сан Диего е осомничена за пукањето во централата на ЈуТјуб во Сан Бруно, Калифорнија, јавуваат американските медиуми.

Медиумите жената ја поврзуваат со еден од ранетите, за кого сметаат дека бил цел на нејзиниот напад. 36-годишниот маж, за кого се смета дека бил цел на нападот е со прострелни рани и се наоѓа во болница во Сан Франциско во критична состојба.

Во нападот се ранети и две жени на возраст од 26 и 32 години, но американската полиција смета дека тие не биле цел на нападот, а пукањето според медиумите доаѓа по домашна расправија.

Агдам, која инаку била вооружана по нападот се самоубила.

Поврзани новости