1.9K
Носителот на листа во ИЕ 2 и премиер, Оливер Спасовски најави економска поддршка и за нови категории граѓани како дел од поддршката за справувањето со последиците на економски план, од здравствената ситуација.
– Најавувам четврти сет мерки и сите пензионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавуваат на шест месеци, ќе добијат исто така домашна платежна картичка, посочи Спасовски во интервју за ТВ Шутел.
Тој ги објасни трите сета мерки за поддршка на ранливите групи граѓани, вработените и бизнисите со коишто се помогна преку домашната платежна картичка, ваучерите за туризам и бескаматните кредити за фирмите.