485
Владејачката ДОМ на пратеничката Лилјана Поповска реагира поради сечата на дрворедот кај ЗОИЛ, и тоа во неработен ден, на Велики петок.
– Дали ова брзање да се исечат преостанатите дрвја во центарот е поттикнато од договорот Законот за урбано зеленило следнава недела да влезе во собраниска процедура и конечно да се донесе? Дали и зошто некому му се брза да го исече секое дрвце, дури не стане институционално заштитена категорија со закон? – прашаа од ДОМ.
Од таму додаваат дека изминатите денови се усогласил овој закон, кој е дел од коалициониот договор за парламентарните избори во 2014 година.
Од Градот Скопје велат дека станува збор за едно дрво од вид липа, кое било исушено и затоа било исечено на барање на жителите на околните згради.