ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог

by fokus

ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог. Оваа одлука раководството ја донесе на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.

„ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности. Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина. ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување“, соопшти ДОМ.

Поврзани новости