ДОМ се обраќа до Државниот инспекторат за животна средина и го прашува зошто дозволува Гази Баба да се труе веќе десетина дена со повеќе од 400 ПМ10 честички?
„Имено, по нашата јавна прозивка до сите инспекторати за животна средина, градскиот инспекторат излезе на терен и утврди дека најверојатен извор на загадување претставува стопански субјект во рамките на поранешна Железара, кој работи со А-интегрирана дозвола. Информацијата е јавно достапна со илустрација. Значи, инспекција во тој субјект може и треба да направи единствено Државниот инспекторат за животна средина. По утврдување на евентуален позитивен наод, мора да го спречи загадувањето и да изрече казна. Доколку не го направи тоа во најскоро време, ќе ја сметаме оваа институција за соодговорна за енормното загадување на Гази Баба последниве денови, а јавноста треба да дознае кој и кого го штити, на сметка на јавниот интерес и здравјето на граѓаните! – се наведува во соопштението од ДОМ.