ДОМ: Каков отпад се складира во Дрисла?

by fokus

По раширените информации по социјалните мрежи дека една од причините за
аерозагадувањето е увоз, складирање и горење на опасен отпад во Македонија,
зелената партија ДОМ јавно бара одговор од надлежните институции. Од ДОМ се обраќаат до Министерството за животна средина со Управата за животна средина, Инспекторатите за животна средина, Министерството за економија, „Дрисла“, и Царинската управа.

„Како граѓани, мора да знаеме дали се увезува опасен отпад и дали тој останува во
земјата, за да се складира на единствената официјална санитарна депонија „Дрисла“
или на некоја од многуте диви депонии, дали се гори и каде, дали се употребува како
гориво за некои од фабриките со А или Б-интегрирана дозвола, или за погони што
работат со елаборати?
Бараме споменатите институции да извршат внатрешна контрола на својата
документација и работење во оваа смисла и да дадат јавен одговор. Како граѓани,
бараме да биде заштитен јавниот интерес и да се преземат итни мерки, било во
измена на закони и подзаконски акти, било во санкционирање на евентуалните
прекршители на постојната регулатива“, порачаа од ДОМ.

Поврзани новости