771
ДОМ на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ.
Од партијата соопштија дека во преговорите било договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата.
Партијата информира дека кандидати за пратеници од ДОМ се лидерката Маја Морачанин, потпретседателот Мирослав Богдановски, претседателот на општинската организација во Штип Ванчо Санев и советничката во Битола Ристенка Алтипармаковска.