494
32-годишен скопјанец е ранет со нож, а има и прострелна рана во левата подлактица, по должничка драма која се одвивала вчера вечерта на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Ранетиот Е.М. подоцна е хоспитализиран во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
„На 13.07.2019 околу 21,50 ч. во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ Е.М(32) од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари. По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.