806
Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
За ратификацијата на својот Фејсбук профил напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров.
-Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот …, напиша министерот за надворешни работи.
Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори