Долгот од над 14.000 евра за лекување на Есма не бил платен, покрај нејзините, и роднини на Стево бараат дел од наследството!

by fokus

Пет години по смртта на кралицата на Ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска, не престануваат драмите поврзани со нејзиното наследство.

Но, освен скандалите кои се актуелни околу тоа кому навистина треба да му остане куќата на Теодосиевски, дали на државата со цел да биде музеј, или пак на внуците од сестри и браќа на Есма, деновиве се обелодени уште една дамка од целиот случај.

Имено, според документ кој го приложила адвокатката на семејствата Реџепови и Теодосиевски, долгот за лекувањето на Есма кон болницата Аџибадем Систина, со износ од 873.000 денари, и пет години по нејзината смрт не е подмирен.

Адвокатката Весна Тренкоска зборуваше за случувањата со наследството на Теодосиевски и ги откри деталите пред камерите на емисијата ,,Бекстејџ”.
Појасни дека покрај роднините на Есма, и роднини на Стево имаат право на наследување и си го бараат својот дел.

Вики Клинчарова

Поврзани новости