„Долго време чекавме на промена, излезете и гласајте за европска Македонија“, порача пејачката Виолета Томовска

by fokus

Пејачите и актерите продолжуваат да се вклучуваат во кампањата за референдумот, кој ќе се одржи наредната недела. Многу музички ѕвезди и театарски уметници беа дел од видео-записот за „Излези за европска Македонија“.

Во кампањата се приклучи и една од најдобрите македонски пејачки на народна музика, Виолета Томовска. Преку видео запис, апелираше кој граѓаните – да излезат на референдумот и да гласаат „за европска Македонија.“

Граѓаните на Македонија заслужуваат европска иднина. Излези и гласај ЗА

„Граѓаните на Македонија заслужуваат европска иднина. Излези и гласај ЗА“ – Виолета Томовска #ИзлезиЗА

Publiée par Zoran Zaev sur Jeudi 20 septembre 2018

Поврзани новости