Доларот продолжува да јакне – цените на нафтата ги надоместија загубите

by Fokus

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата продолжи да расте, достигнувајќи ново највисоко ниво за повеќе од две години. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 101,58 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,26 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 128,35 на 127,55 јени.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0725 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0780 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, по вчерашниот остар пад.

Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,40 отсто, на 102,75 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,33 отсто на 98,87 долари.

Поврзани новости