На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи се очекува забавување на стапката на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка, па курсот на еврото се врати над нивото на 1 долар. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела потона за 3,9 отсто, на 106,42 поени.
Истовремено, доларот падна за 3,9 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0350 долари. Курсот на доларот потона уште повеќе – 5,3 отсто – во однос на јапонската валута, спуштајќи се на 138,80 јени.
Доларот паѓа четврта недела по ред поради очекувањата дека ФЕД ќе го намали темпото на зголемување на каматните стапки, бидејќи најновите податоци покажуваат дека инфлаторните притисоци во САД се намалуваат.