Документарист-архивар во полиција уништил доказни материјали за осомничено лице

by fokus

29-годишен кавадарчанец, вработен како документарист-архивар во ПС Кавадарци, уништил докази за одредено лице, при што спречил водење на кривична постапка.

„Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “спречување на докажување“. Имено на 25.09.2018 година во Полициската станица Кавадарци, пријавениот, како овластено службено лице-документарист – архивар во Полициската станица Кавадарци примил изготвена кривична пријава против С.Т. со прилог доказен материјал и тоа опојна дрога марихуана со извештај од вештачење за истата и мобилен телефон “Ајфон”, по што истиот не ја доставил кривичната пријава со доказниот материјал до Основното јавно обвинителство Велес, туку истиот ден пријавата со доказниот материјал го изнел од службените простории на Полициската станица Кавадарци и истите ги уништил со што спречил водење на кривична постапка“, пренесува МВР.

Поврзани новости