Доктори од Клиниката „Козле“ со писмо до Мицкоски и Таравари бараат разрешување на директорката

by Fokus

Триесет доктори од Клиниката за респираторни заболувања „Козле“ со писмо до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Арбен Таравари и до националниот координатор за здравство бараат итно разрешување на директоката на болницата Каролина Симовска, поради незадоволство од нејзината работа.

„Подготвен сме да ја прекинеме работата со штрајк или евентуални откази во време кога има дефицит на педијатри во јавното здравство, додека оваа елементарна непогода не биде остранета, итно и неодложно. Ве молиме тоа да го завршите зас поскоро. Доколку целта да пружаме поквалитетни услуги на пациентите ни е заедничка, покажете доблест и назначете директор кој ќе биде поддржан од лекарскиот колегиум“, наведуваат докторите во писмото.

Тие додаваат дека поради лошото менаџирање со болницата, врвни доктори за бронхоскопија си заминале. Директорката, како што се вели во писмото, им се заканувала со отказ на ОРЛ специјалисти кои одбивале да работат бронхоскпипија со недоволно едуциран кадар.

„Со ова лошо менаџирање, директорката постигна од извршени 67 бронхоскопии во 2023 година, преку 40 бронхоскопии извршени од јануари до јуни 2024 година. Во втората половина од годината, отккао таа е директорка, извршени се само три бронхоскопии, со што целосно снема витале оддел на клиниката“,велат во писмото.

Освен нивното професионално деградирање, докторите посочуваат дека директорката наредува на секој колега, вработен, претставник на фармацевтска фирма, странка, задолжително да го остави мобилниот телефон кај секретарката пред да влезе кај неа во канцеларија.

Во болницата во октомври беа потврдени низа системски, технички и стручни недостатоци откако министерот формираше Комисија да го ситражи случајот со починатото 14-месечно бебе. Комисијата утврди и дека навреме не биле преземени мерки од болницата поради потешкотии на дишењето на бебето.

Таравари пред два дена најави дека ќе ги менува директорите на болниците и здравствените устави ако се утврди дека не постигнале резултати во работењето.

Поврзани новости