702
На 313 страници, според информации на „Независен весник“, го напишал поранешниот премиер Никола Груевски својот докторски труд, што треба да го брани на 6 јули.
Груевски го пријавил докторатот пред четири-пет години, што значи додека бил сѐ уште на премиерската функција, а кога неговиот ментор, професорот Михаил Петковски, му беше советник по економија во кабинетот.
Докторатот на Груевски е на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.