Специјалистот инфектолог, д-р Вело Марковски (64), од неодамна си ја испроба среќата и во музичките води.
На неговиот Јутјуб канал тој објавил три обработки на стари македонски песни, кои самиот ги изведува, додека аранжманот за истите е на Љупчо Соколовски – Бубе.
Станува збор за песните ,,Налеј, налеј”, ,,Темен се облак зададе” и ,,Битолчанки горди Македонки”.
Со помалку од 1.000 претплатници на неговиот канал, докторот сепак има голем број на прегледи на песните.
Како нумера која предизвикала најмногу интерес е ,,Битолчанки горди Македонки” за чиј видео запис се искористени фотографии од сопругата на Марковски, поранешниот модел Евгенија. Таа е фотографирана босонога на лулка, во природа, а додека тече песната се објавуваат и фотографии од убавините во Битола. Видеото има над 24.000 прегледи, додека останатите две песни имаат по околу 15.000, односно 4.000 прегледи.
Ова не е прв пат Евгенија да се појави во видео запис како модел. И во минатото, таа беше дел од спотови на наши музичари, и членуваше битолското модно студио ,,Шанел”.
Во бракот со докторот имаат две деца, а неодамна открија дека и покрај предрасудите поради големата разлика во годините, имаат убав заеднички живот.
Вики Клинчарова