491
Заштитната маска за превенција против корона вирусот има ефект само ако правилно се применува, порача за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, доктор Кирил Солевски.
„Стравот е сосема нормална појава кога се работи за една неизвесност и ние се обидуваме да го намалиме тој страв. Препорачуваме прво да не контактираат преку мобилен телефон, воспоставуваме видео линк и во период од 15-20 минути се обидуваме заеднички да го решиме проблемот. Генерално имаме добри мерки и сметам дека добро се справуваме со кризата“, изјави Д-р Солевски.