Доктор Рамадани ја ,,среди” Едина Муса за свадбата со Александар Димитровски: Или ти, или никој друг, ми рече!

by Fokus

Викендов во ресторанот за свадби Рагуза се одржа свадбената забава на некогашните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски Мачка. Едина се појави во елегантна венчаница со потписот на Ивана Кнез, а за нејзниот изглед се погрижил нејзиниот долгогодишен стилист и пријател, Арменд Рамадани.

Иако речиси една година живее во Урошевац, Арменд без доумење дошол да и помогне на Муса да заблеска за големиот ден. За ,,Фокус” тој раскажува дека двајцата ги врзува 12-годишна соработка и помеѓу нив има огромно пријателство.

-Драго ми е што јас се погрижив за шминката и фризурата на Муса. Или ти, или никој друг, ми рече таа, и од се срце се посветив и се потрудив да го доловиме стајлингот кој ја претстави во најубаво светло за овој важен ден.

Пресреќен сум за неа и за Александар, неверојатен пар се, верувам дека ќе бидат одлични родители на бебето кое е на пат. На доаѓањето на бебето му се радуваат и децата на Александар, од бракот со Тамара, Хана и Дарен, и сите тие заедно се прекрасни луѓе кои имаат посебно место во моето срце, вели стилистот.

Инаку, Арменд во јавноста, а посебно во естрадните кругови е познат како Доктор Рамадани, бидејќи со години наназад важи за врвен професионалец во својата област. Низ неговите раце имаат поминато голем број на јавни личности, кои го опишуваат како мајстор на својот занает.

Свадбата на Едина и Александар пак, беше еден вид на изненадување за пошироката јавност, и веста се прошири откако гостите започнаа да објавуваат фотографии од забавата на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости