696
Доктор Александар Петличиковски од Институтот за имунологија при Медицинскиот факултет за Утрински брифинг изјави дека имунизацијата оди добро и сега имаме добри шанси со релативно кратко време, со задржување на ова темпо од 10.000 вакцинирани дневно, до крајот на летото ситуацијата да се нормализира.
„Летово со топлиот воздух, со прошетките се намалуваат шансите за пренос на вирусот. Гледаме дека во цел свет трендовите се позитивни, но се уште сме кревки, бидејќи ако ова што досега сме го постигнале не го надополниме со масовна и ефикасна вакцинација, можно на есен пак да очекуваме проблеми“, вели Петличковски.