1.2K
Доктор Сава Пејковска од Клиника за пулмологија и алергологија упати апел до нејзините колеги, да бидат упорни и храбри во овие моменти.
Затоа што како што вели, само така, ќе може да излезат како победници во оваа битка.
„Можеби носењето на маска за некои луѓе со текот на времето станува оптеретување, но факт е дека маската навистина штити. Мораме да бидеме упорни во почитување на мерките со цел што побргу да се победи пандемијата. Апел до колегите да бидат истрајни, упорни, постојани и храбри, да ја задржат професионалноста која досега ја покажаа, да покажат медицинска солидарност, да си помагаат едни на други. Да разменуваат најнови искуства, бидејќи само така обединети може да излеземе победници во оваа битка“, истакна Пејковска.