Докторот Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека е чудо што најверојатно нема да има заразени од корона вирус од сега веќе разрешената директорка на Клиниката за кожни болести.
-Мерките кои сега се преземени се адекватни. Можеби се поригоризни, но подобро е така. Мило ми е што не преминавме на воведување вонредна состојба, одма по стапките на северниот сосед, како во СФРЈ на времето. Самостојно си ги носиме одлуките, според нашата ситуација. Не беа спремни да го направат она што се направи во Кина. Сметаа дека економијата, правата за слободно движење не треба да се ограничуваат и мислеа дека ситуацијата е како со Сарсот, кога немаше ниту една жртва во Европа.
Ова е чудо, изгледа нема да имеме заразени од докторката. Да почекаме уште 4-5 дена. Од тие 200 луѓе, за чудо, никој досега нема покажано симптоми. Тие што знаеле дека се вратила од Италија, морале да реагираат. За среќа, изгледа ќе излезе дека тука не се јавило жариште. Треба да се издржи уште 10 дена, ако нема големо покачување на случаите, според овие мерки кои се преземени, може да избегнеме било каков пик. Тоа е целта, рече Пановски.