641
Координаторот на ковид болницата во Тетово, Гзим Нуредини, денеска пред медиумите кажа дека модуларната болница за три минути изгорела, што според него е чудна околност.
„Тоа било три минути, дојдов за три минути беше се завршено. Ние не сме експерти, и затоа ноќта баравме јавен обвинител, МВР да интервенира. Чудно ни беше за три минути да имате цел објект во пламен и да остане само железо. И суво дрво да е нема да гори така“, рече Нуредини.