Состојбите на скопските клиники се толку катастрофални што ние немаме основни услови за работа, а пациентите немаат услови за лекување. Тоа мора под итно да се промени, тврди во изјава за „Фокус“, доктор Маја Мојсова, анестезиолог на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
– Работите се дојдени до таму, што јас на работа со себе си носам тоалетна хартија, основни средства за хигиена, сапуни, крпи… Иста е состојбата на сите клиники и ако нешто не се промени, тешко и на нас и на пациентите, кои си носат ќебиња, чаршави, лекови… На клиниката со години не работи вакумот за респирирање на пациенти – истакна доктор Мојсова.
Таа беше во првите борбени редови на штрајкот на лекарите во 2012 година, кога повеќе од 1.200 лекари-специјалисти повеќе од 50 дена протестираа против проектот плаќање по успешност што го воведе тогашниот министер за здравство Никола Тодоров и екс премиерот Никола Груевски.
И.М.