Доктор Злате Мехмедовиќ во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата со модуларните болници во Македонија, откако минатата недела се случи трагедијата со болницата во Тетово.
„Модуларните болници се значаен капацитет, доколку ги нема нив ќе биде тешко да се даде квалитетна здравствена заштита. Доколку не се расчисти прашањето за безбедноста на тие болници ќе биде тешко да се убедат граѓаните дали тие се безбедни. Начинот на кој се врши истрагата дава надеж. Најбезбедно и најчесно е за да се премине ова е тие болници да се затворат привремено, а откако ќе се утврди дека се безбедни, повторно да се вратат во употреба. Не треба да бараме поинаков пристап, не постои начин за земја што нема доволно финансиски средства, да обезбеди квалитетна здравствена заштита во соодветни здравствени установи. Тоа и се случи и на Кина. Факторот време е многу важен. Модуларните болници треба да издржат пожар од 30 минути до 4 часа“ – вели тој.