Доктор Кунгуловски: Новиот вид на корона вирус ќе стане доминантен и во Македонија

by Fokus

Кунгуловски Горан од клиниката „Жан Митрев“ на денешната прес-конференција говореше а откривањето на британскиот вид на корона вирус детектиран во Македонија.

Како што истакна тој, медицинскиот персонал во целата земја треба да биде многу претпазлив поради мутацијата на корона вирусот.

„Знаеме дека во самиот вирус се акумулирани мутации. Тоа им е работа на вирусите, постојано да мутираат. Новиот вид детектиран ќе стане доминантен и во Македонија, но и другите земји.  Досега се детектирани илјадници мутации во корона вирусот. Има индикатори дека и смртноста е зголемена за 30 отсто. Треба да бидеме во една постојана фаза на претпазливост. Што се однесува до пациентот, тој бил со средна клиничка слика. Сега тој е оздравен и се чувствува добро“, истакна Кунгуловски.

Поврзани новости