Доктор Бектеши: Господ нека ни е на помош во Детското одделение во Струга, ова веќе не се издржува

by Fokus

Доктор Вулнет Бектеши од Детското одделение во Струга преку јавен фејсбук статус ја споделува алармантната состојба со недостиг на лекари.

„Господ нека ни е на помош во детското одделение во Струга. Секој ден се повеќе пациенти, се помалку лекари. Ова веќе не се издржува.

Во име на детско одделение СТРУГА го молиме господинот Премиер, министерот за Здравство , директорите на општите болници Струга и Охрид .. Да се најде решение.. А се ова за здравјето на најмалите и најмилите… За децата ( нема потреба од лајкови.. Само да се тагнат Министерот и директорите.. За да се превземе нешто конкретно…)“, пишува доктор Бектеши.

Поврзани новости